Ханс Дитер Флик кој летово го презеде кормилото на Барселона, верува дека ќе влијае на играта на младиот фудбалер, Жоао Феликс.
Германскиот тренер е убеден дека ќе го извлече максимумот од португалскиот напаѓач кој деновиве е со селекцијата на „европските бразилци“ на Европското првенство.
Феликс се наоѓа на платниот список на Атлетико Мадрид но, веројатно и втора сезона ќе игра како позајмен кај Каталонците.