Тренерот на Баерн Минхен, Ханзи Флик влезе на листата на тренери кои имаат освоено три титули со својата екипа во една сезона.
Познатата „триплета“ Флик оваа сезона ја освои предводејќи го тимот на Баерн Минхен до титула во Бундеслигата, Купот на Германија и синоќа во Лигата на шампионите.
Флик од вчера е во друштво на Луис Енрике (Барселона, 2015), Јуп Хејнкес (Баерн Минхен, 2013), Жозе Мурињо (Интер, 2010), Пеп Гвардиола (Барселона, 2009) и Сер Алекс Фергусон (Манчестер Јунајтед, 1999).