Главниот тренер на Барселона, Ханс-Дитер Флик, ќе го продолжи договорот со клубот. Двете страни веќе целосно се согласија за продолжувањето.
Новиот договор ќе важи до летото 2028 година, со можност за продолжување на уште една сезона. Самиот Флик веќе ја објави својата одлука за својата иднина и потврди дека ќе го продолжи договорот со Барселона.
„Ќе потпишам нов договор со Барселона“, напиша новинарот Флоријан Плетенберг кој го цитираше Флик, на социјалните мрежи.
Тековниот договор на тренерот е со важност до летото 2027 година. Официјално соопштение во врска со продолжувањето се очекува деновиве.
Барселона ја обезбеди титулата во Ла Лига предвреме откако е недостижна од конкурентот Реал Мадрид кој заостанува 14 бодови, а остануваат уште три кола.

