Алесандро Флоренци од Милан е уште еден во листата фудбалери кои се дел од скандалот со спортско обложување. Флоренци се нашол меѓу оние кои се под истрага за случајот, а од неговиот клуб велат дека веста ја дознале од медиумите и дека не се запознаени со вмешаноста на играчот во скандалот.
Флоренци може да биде сослушан од Обвинителството во следните неколку дена, по што се очекуваат и подетални информации за неговата вмешаност во скандалот.

