Италијанскиот фудбалски гигант, Милан, го промовираше Алесандро Флоренци како ново летно засилување непосредно пред стартот на новата сезона во Серија „А“.
Десниот бек кој се наоѓа на платниот список на Рома, ќе игра една сезона на позајмица кај „росонерите“ кои ќе имаат можност да го откупат неговиот договор во наредното лето доколку бидат задоволни од неговите партии.
Флоренци во претходната сезона беше позајмен во редовите на францускиот ПСЖ а претходно играше и за шпанската Валенсија.