Фудбалерот на Рома, Алесандро Флоренци, ќе остане да игра како позајмен во редовите на Валенсија до крајот на сезоната иако договорот првично беше валиден до 30 јуни.
Откако е прекинато шпанското првенство, работите се сменија а Ла Лига ќе продолжи на 11 јуни и ќе заврши на 19 јули. Затоа клубот од Пиринеите сака да го има на располагање Флоренци за сите натпреварите предвидени до крајот на првенството.
Шпанците ќе продолжат да плаќаат 70 проценти од неговата плата, што е 3 милиони евра годишно.