Претседателот на Реал (М), Флорентино Перез, денеска ќе има средба со Лука Модриќ и неговиот агент на кој треба да се искристализираат некои работи околу најавеното заминување на Хрватот.
Авторитетните шпански меидуми најавуваат дека перез на оваа средба нема да оди со празни раце, туку со понуда за нов, подобрен договор за хрватскиот репрезентативец. Дали ова ќе биде одговорот на „кралевите“ на понудите на Интер или ќе има уште некоја дополнителна акција, останува да се види.
Некои медиуми објавија дека Модриќ бил заинтересиран за оваа опција за продолжување на договорот, но останува да се разгледаат условите кои ќе ги понуди Перез.