Веќе неколку месеци се шпекулира дека Флоријан Вирц би можел да го напушти Баер Леверкузен на крајот на сезоната. Сега, сепак, тоа може драматично да се промени бидејќи „Кикер“ објави дека германскиот репрезентативец потпишал нов договор со „Фамацевтите“.
Изданието тврди дека Баер Леверкузен го продолжил договорот на својата голема ѕвезда, кој истекува во 2027 година, за најмалку една година. Ако навистина е така, тогаш Вирц ќе стане најплатениот фудбалер во составот на германскиот шампион. Според „Кикер“, 21-годишниот офанзивен играч за врска е првиот играч на Баер Леверкузен кој заработил над 20 милиони евра годишна плата.
Како најсериозни кандидати за потписот на Вирц се веруваше дека се Баерн Минхен, Реал Мадрид и Манчестер Сити. Баварците веќе извесно време му се додворуваат на Германецот и се подготвени да му понудат уште поголема плата, но по се изгледа тој ќе остане на Баер Арената барем следната сезона.
Вирц оваа сезона има 11 гола и пет асистенции на 24 натпревари во сите натпреварувања.

