Фил Фоден го пропушти тренингот на репрезентацијата на Англија само еден ден пред финалето на Европското првенство против Италија.
Од таборот на Англија објаснија дека играчот на Манчестер Сити имал полесна повреда и од претпазливост го пропуштил денешниот тренинг. Фоден ги започна првите два натпревари на Англија на Евро 2020, но остана резерва за следните четири.
Селекторот Герет Саутгејт тешко дека ќе смета на него утре уште од почетокот на натпреварот, но секако дека сака да го има на клупата и доколку е потребно да влезе во игра.

