Фудбалерите на Манчестер Сити, Фил Фоден и Џек Грилиш, поради недисциплина беа отстранети од стартниот состав за викенд натпреварот со Њукасл.
Како што пренесуваат англиските медиуми тренерот, Гвардиола, им дал можност на играчите да се опуштат по победата од 7-0 против Лидс во изминатиот вторник, но, двајцата играчи ја злоупотребиле слободата и до доцна се забавувале во ноќен клуб.
Наредниот ден Фоуден и Грилиш се појавиле на тренингот, но, не можеле да ги исполнат задачите.

