Фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоден, кој одигра одличен натпревар против Реал Мадрид и постигна еден гол за „граѓаните“, се израмни со постигнувањето на Вејн Руни.
Вчерашниот гол беше 9-ти за Фуден во Лигата на шампионите со што тој стана само вториот Англичанец кој успеал да постигне толку погодоци во најпрестижното клупско натпреварување пред да наполни 22 години.
Фоден има роденден на 28 мај точно кога ќе биде финалето во Лигата на шампионите.