Репрезентативецот на Англија, Фил Фоден , кој вчера беше прогласен за играч на мечот против Сенегал, вели дека „Гордиот албион“ го очекува тежок меч со Франција во четврфинато на фудбалскиот Мундијал во Катар.
„Франција досега покажа најмногу, тие се силен тим. Ние веруваме дека имаме квалитет“ – вели Фоден.
Мечот меѓу „триколорите“ и Англичаните ќе биде одигран наредната сабота во вечерниот термин од 20.00 часот.