Екипата на Манчестер Сити по подолг период е надвор од трката за титулата во Премиер-лигата бидејќи има крајно разочарувачка сезона.
Избраниците на Пеп Гвардиола згора на тоа ќе мора и грчевито да се борат за да обезбедат место во Лигата на шампионите за наредната сезона. Тоа максимално влијае кај фудбалерите кои не кријат дека се разочарани од досегашниот ефект. Тоа го потенцира и Фил Фоден.
„ Значајно е да ја научиме лекцијата. Треба да останеме позитивни и да веруваме во се што сме направиле “ – рече играчот на „граѓаните“.

