Весли Фофана застана зад капитенот на француската репрезентација, Килијан Мбапе, откако веста за посетата на Мбапе на ноќен клуб во Шведска, предизвика бран критики. Тоа се случи ноќта кога „петлите“ го победија Израел со 4-1 во Лигата на нациите.
„Луѓето можат да прават што сакаат со своето слободно време. Немав слушнато за таа приказна“, коментирала Фофана на оваа тема.
“Килијан е одлична личност и професионалец. Мислам дека понекогаш медиумите одат предалеку. Тој е најдобриот француски играч, па нормално е да се зборува за него. За повеќе информации, прашајте го самиот Мбапе”, изјавил Фофана.

