Поранешниот селектор на Германија, Берти Фокс, кој ја донесе последната европска титула во 1996 година – им дава предност на сонародниците во денешното осминафинале на Евро 2020 против Англија.
„Колку подолго остане резултатот 0-0, толку е поголема шансата за победа. Домаќините сигурно ќе бидат под поголем притисок“ – вели Фокс.
„ Ако се приближат пеналите, тие ќе започнат да се нервираат. Стравот од можен пораз е историски оправдан“ – рече 74-годишниот Фокс.

