Тренерот на Рома, Пауло Фонсека ги коментираше информациите за можниот трансфер на напаѓачот Един Џеко во Интер.
„Џеко е овде со нас, тој е наш играч. Можам да кажам дека работеше многу добро, не забележав никакви знаци дека е далеку од нас. Имаме двајца напаѓачи, Џеко и Патрик Шик, па приоритет на трансфер пазарот треба да ни биде потпишувањето на централен дефанзивец. Јас не сум целосно задоволен од состојбата на тимот, но ние сме во рана фаза на процесот на пронаоѓање на нашата игра“, изјави Фонсека. 33-годишниот Џеко е во Рома од 2015 година.
Минатата сезона Босанецот учествуваше на 33 натпревари во италијанското првенство, постигна девет гола и имаше шест асистенции. Договорот на играчот со клубот важи до летото 2020 година.