Тренерот на Шахтјор Донецк Паоло Фонсека е главен кандидат за превземање на функцијата во Рома, пренесува „Газета дело спорт”.
Ова стана познато откако Синиша Михајловиќ објави дека сака да остане во Болоња. Римјаните претходно биле одбиени од Антонио Конте, Маурицио Сари и Џан Пиеро Гасперини.
Фонсека е предводник на екипата на Шахтјор од 2016 година и од тогаш го освои шампионатот и Купот на Украина три пати. Тој, исто така, го освои Супер купот на оваа земја во 2017 година. Раководството на украинскиот шампион ветил дека ќе го ослободи тренерот доколку добие предлог од некој европски клуб.