Тренерот на фудбалерите на Милан, Паоло Фонсека, ја има поддршката на раковството иако изостанаа посакуваните резултати на стартот на сезоната.
„Росонерите “ во новиот шампионат во Серија „А“ имаат две нерешени и еден пораз и уште ја чекаат првата сезонска победа.
Згора на тоа на последниот натпревар со Лацио, ситуацијата ја искомпликува и односот на двете ѕвезди, Тео Ернандез и Рафаел Леао, кои беа изоставени од стартниот состав.

