Предводникот на Рома, Пауло Фонсека ја призна супериорноста на Севиља по поразот на својот тим со 0:2 во 1/8 финалето на Лигата на Европа. Тој рече дека Шпанците заслужено победиле затоа што тие се подобриот тим во моментов.
„Разочаран сум, но морам да признаам дека заслуживме да загубиме. Во моментов Севиља е подобрата екипа. Тие играа подобро и ја воспоставија својата супериорност во мечот. Ние направивме се што е можно, но тешко е да се победи тим кој игра подобро од вас. Лесно е да се пронајдат изговори сега“, рече Фонсека.
„Јас сум главен виновник за поразот, но мора да изгледаме реално, а тоа значи да се признае дека Севиља е подобра екипа. Сега треба да досенам важни одлуки. Тимот ги освои повеќето од своите натпревари во Серија А во последно време, игравме добро, па не видов причина да ја сменам шемата. Ако ја променив за денешниот натпревар, тоа би можело да ја наруши рамнотежата во нашата игра. Тешко е да се прифати, но вистината е дека противникот едноставно играше подобро“, додаде Португалецот.