Тренерот на италијанскиот тим Рома, Пауло Фонсека изрази надеж дека дефанзивецот на Манчестер Јунајтед Крис Смолинг ќе остане во италијанскиот шампионат по завршувањето на договорот за позајмица со римскиот клуб.
„Ќе направам се за да го задржам Крис во тимот за следната сезона. Знам дека сака да остане во Рим. Ајде да видиме како ќе се развиваат настаните. Моето мислење за него е дека е фантастична личност, многу скромен, а во исто време тој е одличен професионалец. Навивачите се восхитуваат на неговата игра и тој се покажа дека е лидер на теренот и пошироко“, изјави Фонсека.
Оваа сезона, британскиот фудбалер постигна два гола на 28 натпревари со Рома. Првенството на Италија и Англија во моментов е суспендирано поради пандемијата на коронавирусот.