Тренерот на фудбалерите на Милан, Паоло Фонсека, вели дека сите мисли се насочени кон мечот со Лече во новото коло во Серија „А“.
„Во моментов, менталниот аспект е многу значаен можеби и повеќе од техниката и тактиката. Мораме да бидеме мотивирани и внимателни“ – рече Фонсека.
„Имаме многу работи што треба да ги корегираме посебно во одбраната. Мора да се навикнат нашите напаѓачи дека треба да помагаат и во дефанзивата“ – потенцираше тренерот на „росонерите“.

