И покрај многу проблеми со повредените играчи, Рома го победи Милан со 2:1, а тренерот Пауло Фонсека беше импресиониран од самиот настап на неговите играчи. Успехот против Милан и донесе на Рома да бидат на само еден бод зад Наполи на петтото место на табелата, но Фонсека рече дека е премногу рано да се обрнува внимание на табелата.
„Момчињата настапија на ниво и употребија многу сила. Не е лесно да се играат три натпревари неделно. Денешната победа е од големо значење. Не сакам да размислувам за пласманот на табелата. Едноставно треба да гледаме на секој следен натпревар како можност за напредок “, рече Фонсека.
На прашањето зошто по повредата на Леонардо Спинацола го стави младиот Турски фудбалер Јилдарим Мерт Четин во игра наместо Алесандро Флоренци, Португалецот одговори: „Важно беше да се одбраниме што е можно повеќе, особено против Рафаел Леао, кој играше во таа зона. Четин има брзина и е по одбранбено ориентиран. Хавиер Пасторе одигра многу напорно. Тој повторно го покажа својот талент и дека е вистински професионалец“, рече Фонсека по натпреварот.