Легендарниот фудбалер на Уругвај, Диего Форлан, ќе стави крај на блескавата кариера. Еден од најдобрите фудбалери во историјата на Уругвај кој има 40 години проценил дека е време да се повлече од тревнатите терени.
„Одлучив да престанам да играм професионално фудбал. Неодамна ми понудија нов договор, но, како што доаѓаат годините тоа станува претешко“ – вели Форлан кој моментално игра за Кичи од Хонг – Конг.
Форлан во 2011 успеа да ја освои Копа Америка а една година претходно играше и во полу-финалето на СП во Јужна Африка. Тој имаше импресивна кариера додека настапуваше во Европа за екипите на Атлетико Мадрид и Манчестер Јунајтед.