Португалија-Швајцарија и Англија против Холандија се двојките за полу-финалната фаза на завршниот турнир од најсилната А дивизија во фудбалската Лига на нации.
Четата на Роналдо ќе ја има улогата на фаворит против еден од најефикасните тимови во досегашниот дел во Лигата на нации додека крајно неизвесно треба да биде на дуелот меѓу „Гордиот Албион“ и „лалињата“.
Натпреварите од 1/2 финалето ќе бидат одиграни на 5 и 6 јуни догодина додека финалето е закажано за 9 јуни кога ќе биде познат и патникот на Европското првенство преку Лигата на нации.