Нашата фудбалска репрезентација забележа очекувана победа на гостувањето во Вадуц, Лихтенштајн (3:0), а ова беше најтажниот натпревар кој воопшто го одиграла нашата репрезентација.
Во тага и болка за загинатите во несреќата во дискотеката во Кочани, нашите репрезентативци собраа сили да го одиграат овој натпревар, да слават победа која како што најавија претходно ја посветија на 59-те млади наши сограѓани кои ги загубија во најголемата трагедија која се случи во Македонија.








