Франција е првата селекција која обезбеди место во полуфиналето на Мундијалот во Русија, затоа што во натпреварот против Уругвај славеше со 2:0 (1:0) и влезе меѓу најдобрите четири репрезентации во светот.
„Триколорите“ успеаа да го совладаат тимот на Уругвај во еден изедначен меч, а средбата беше решена по кикс голот на голманот на Уругвај, Фернандо Муслера кој ја испушти топката по ударот на Антоан Гризман во 61.минута од натпреварот и дозволи Франција да дојде до предност од 2:0. Претгодно во финишот на првото полувреме Франција го отвори резултатот преку Рафаел Варан кој по асистенција на Гризман ја смести топката со глава во мрежата на Муслера.
Франција во полуфиналето на СП во Русија го чека подобриот од вечерашниот натпревар меѓу Бразил и Белгија (20.00 часот), тоа значи дека повторни ќе играат супер дерби за пласман во финалето на СП.