Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Франција е вториот финалист на СП во Катар
    Фудбал

    Франција е вториот финалист на СП во Катар

    sasoBy saso14/12/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Француската фудбалска репрезентација е вториот финалист на Светското првенство во Катар, откако во полуфиналето го совлада Мароко со 2:0.

    Без големо изненадување, „триколорите“ дојдоа до очекувана победа, иако Мароко повторно покажа дека не случајно стигна меѓу најдобрите четири селекции.

    Светскиот шампион тргна агресивно и многу брзо во петтата минута, со голот на Тео Ернандез, поведе со 1:0. Во вториот дел Мароко имаше уште неколку фантастични можности, но не искористи ниту една.

    Франција ја заврши работата во 79. минута. Мбапе одлично ја измеша одбраната на Монако, шутираше на подалечната статива, а таму резервистот Коло Муани погоди за зголемена предност од 2:0.

    В недела во 16 часот во финалето Франција ќе се сретне со Аргентина, додека ден претходно во битка за бронзата ќе играат Мароко и Хрватска.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.