Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Франција и Хрватска со борба за титулата го затвараат СП во Русија
    Фудбал

    Франција и Хрватска со борба за титулата го затвараат СП во Русија

    risteBy riste15/07/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Франција и Хрватска денес го играат финалето на СП во Русија, последниот натпревар на Мундијалот кој ќе биде запаметен по неколку новитети кои беа воведени на завршните натпреварувања од СП, но исто така и по големиот број на изненадувања.

    Франција по трет пат во својата историја игра во финалето на Светското првенство. „Петлите” го освоија Мундијалот 1998 на домашен терен, а осум години подоцна во Берлин загубија од Италија. Хрватска направи импресивен настап на светското во Франција пред 20 години, кога загуби од идниот шампион во полуфиналето и сегашната генерација има шанса да им се реваншира.

    „Ватрените” се исто така првиот балкански тим кој дојде толку далеку во борбата за светската титула, што е исклучително достигнување за една 4-милионити држава. Во таборот на Франција се свесни дека емоциите ќе се кај Хрватите и затоа ќе мора да дадат се од себе за да не го загубат ова финале. Селекторот Дидие Дешамп нема да менува ништо во почетниот состав во однос на полуфиналето со Белгија, кога победија со 1:0.

    Неговиот колега Златко Далиќ, исто така, не предвидува промени. Во последните денови Хрватите не тренираа интензивно, повеќе се посветија на добар одмор за да ги сочуваат силите и да го надминат заморот од трите последователни натпревари со продолженија кои ги одиграа во Русија.

    Интересен факт за овој натпревар е тоа што Хрватска сé уште нема победа над Франција. Двата тима одиграа пет натпревари меѓу себе, а Франција  има 3 победи, а два пати овие две екипи одиграле нерешено. Денешниот натпревар не предвидува нерешено како опција, па очекуваме немилосрдна борба на теренот на стадионот „Лужники“ во Москва.

    Можни состави:
    Франција: Лорис, Павар, Варан, Умтити, Ернандез, Канте, Погба, Мбапе, Гризман, Матуиди, Жиру.
    Хрватска: Субашиќ, Стриниќ, Вида, Ловрен, Врсаљко, Ракитиќ, Модриќ, Брозовиќ, Ребиќ, Манџукиќ, Перишиќ.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?

    04/02/2023

    Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал

    04/02/2023

    Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа

    04/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ивановски поразен во полуфиналето во Тунис
    • „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?
    • Кошаркарките со Митрашиновиќ за дуелите со БиХ и Белгија
    • Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал
    • Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.