Француската фудбалска репрезентација би можела да одигра пријателски натпревар против Бразил напролет 2026 година, објави „Канал+“.
Натпреварот меѓу двата светски шампиони е закажан за 28 март во Бостон, но неговата конечна реализација зависи од тоа дали „петлите“ ќе обезбедат место на Светското првенство овој месец.
Бразил е веќе меѓу учесниците на Светското првенство, додека Франција ја предводи групата „Д“ во квалификациите и ѝ е потребна само една победа во последните два натпревари за да го обезбеди пласманот.
Селекцијата на Дидие Дешамп вечерва е домаќин на Украина во Париз, а на 16 ноември ќе гостува кај Азербејџан во својот последен натпревар од квалификацискиот циклус.

