Францускиот дефанзивец од екипата на Монако, Џибрил Сидибе, ризикува да го пропушти настапот на светското првенство во Русија по повредата која ја заработи на дербито со ПСЖ во неделата. Како што потврдија извори од клубот, Сидибе има потешка повреда на десното колено.
Засега нема точни лекарски извештаи за тежината на повредата, но и за периодот на рехабилитација. Се претпоставува дека за Сидибе ќе бидат потребни најмалку 2 месеци за успешно враќање на терените, а тоа сериозно ги намалува неговите шанси за настап на Мундијалот.