Репрезентацијата на „Галските петли“ со победата од 4 спрема 2 против Хрватска во финалето на Светското првенство во Русија, успеа по втор пат во историјата да се искачи на највисокото место на пиедесталот.
Во драматичен, возбудлив и пред се ефикасен меч, Французите покажаа дека располагаат со врвен квалитет и сосема заслужено стигнаа до посакуваната победа. Хрватска која со самиот пласман во завршниот меч испиша историја, не успеа да испарира и да го земе победничкиот пехар.
Манџукиќ со автогол во 18. минута донесе радост за Франција додека изедначувањето дојде преку Перишиќ во 28 минута. До крајот на првиот дел Франција преку пеналот на Гризман повторно дојде до позитива. „Триколорите“ во 59. минута со голот на Погба направија 3-1 а шест минути подоцна Мбапе зголеми на 4-1. До крајот „коцкестите“ постигнаа уште еден гол преку Манџукиќ за конечни 4-2. Наредниот фудбалски Мундијал ќе биде по четири години во Катар.