Француската фудбалска лига (ЛФП) ќе ги добие државните гарантирани пари за да им плати на клубовите од Лига 1 и Лига 2 и со тоа да им ги надомести нивните загуби поради раскинатите договори со телевизиите што емитуваат фудбал во Франција.
Првенството во Франција е суспендирано и привремениот пласман веќе е прифатен како конечен, со тоа што ПСЖ уште еднаш стана шампион во Лига 1. Првично, првенството беше прекинато кон средината на март, но подоцна беше донесена одлука тоа да не продолжи. Две телевизии кои ги имаат откупено ТВ правата одбија да платат повеќе од 235 милиони евра на клубовите за телевизиски права за остатокот од недовршената сезона. До крајот на францускиот шампионат требаше да се одиграат уште десет кола.
Франција на Фудбалската лига (ЛФП) ќе и додели 225 милиони евра кои ќе бидат неповратни, а ќе треба да се распределат по клубовите со кои ќе треба да ги покријат штетите од незавршувањето на сезоната.