Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, откри дека голгетерот на тимот Карим Бензема ќе игра во вторник против Пари Сен Жермен во ЛШ само ако целосно се опорави од повредата и нема ризик по неговото здравје.
„Имаме добро чувство за Бензема и очекуваме тој да тренира со тимот в недела или понеделник. Тогаш ќе одлучиме за тоа. Чувствата се позитивни“ – вели Италијанецот.
„Ако има и минимален ризик, Бензема нема да игра. Ако Карим игра во вторник, тоа значи дека нема ризик. Ферлан Менди нема да биде подготвен за утре, но треба да биде за вторник“ – рече Анчелоти