Францускиот претседател Емануел Макрон вети дека ќе се обиде да го убеди напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе да остане во парискиот клуб.
Еден од младите париски навивачи побарал од Макрон да направи нешто за да го задржи Мбапе во ПСЖ, на што претседателот одговорил: „Ќе се обидам да го убедам на тоа“.
Да потсетиме, претходно беше објавено дека Мбапе е подготвен да го напушти ПСЖ ова лето. За напаѓачот се заинтересирани Реал Мадрид и голем број англиски тимови. Договорот на Мбапе со парижаните истекува во јуни 2024 година.
Напаѓачот ја одби опцијата да го продолжи договорот за уште една сезона и може да стане слободен агент. Пред една година Макрон веќе разговараше со Мбапе за да го убеди да остане во ПСЖ.