Францускиот претседател Емануел Макрон одговори на прашањето дали се обидел да го убеди напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе да го продолжи договорот со францускиот гигант, кој завршува следното лето, за време на нивната директна средба во Елисејската палата по повод официјалното посета на емирот на Катар, Тамим бин Хамад Ал Тани.
„Немаше дискусии на оваа тема. Ова го оставам на дискреција на клупското раководство. Сепак, сите Французинки и Французи му се восхитуваат на овој играч“, рече Макрон во изјава која ја пренесе „Мундо Депортиво“.
Да потсетиме, претходно во медиумите се појави информација дека Мбапе нема намера да го продолжи договорот со ПСЖ кој истекува на крајот од актуелната сезона, по што сака да премине во Реал Мадрид. Беше нагласено дека напаѓачот веќе го известил претседателот на ПСЖ и соиграчите за својата одлука.

