Тренерот на фудбалерите на Ал Наср, Руди Гарсија, откако проговори за Кристијано Роналдо по поразот во Супер-купот, сега се обиде да ја предвиди и иднината на Португалецот.
„Роналдо е позитивно засилување за нашиот тим. Тој предизвика паника кај противничките дефанзивци. Станува збор за еден од најдобрите играчи во светот а како таков, мислам дека нема да ја заврши кариерата во Ал Наср. Веројатно ќе се врати во Европа“ – вели Руди Гарсија.
Роналдо потпиша со тимот од Саудиска Арабија договор за две и половина години со кој треба да заработи околу 500 милиони евра.