УЕФА го одреди Французинот Жереми Пињар да го суди мечот во Разград меѓу Бугарија и Македонија на стартот на новото издание на Лигата на Нации.
Помошници ќе му бидат Орелиен Дру и Лоран Конилјо додека улогата на четври судија ќе ја има Микаел Лесаж. Во „Ц“ конкуренцијата во Лигата на нации и покрај со Бугарија ќе играме и со Гибралтар и со Грузија.
Првата средба на теренот на нашиот источен сосед ќе го одиграме на 2 јуни со почетокот во 18.00 часот.

