Судот во Париз покренал истрага против фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема, откако францускиот – „Медиапарт“ објави приказна дека менаџерот, Лео Д’Соуза, го тужи напаѓачот за обид за киднапирање.
Тоа наводно се случило на 7 октомври во Париз кога две лица се обиделе го внесат Д’Соуза во црно комбе, но, биле спречени од случајните минувачи. Бензема не бил на лице место, но, според наведеното, подоцна имал средба со лицата кои се сомничат за кривичното дело.
Според наведеното, менаџерот бил ангажиран од Бензема за да му префрли 50.000 евра од Мароко во Франција, но, парите му биле запленети на царина. Фудбалерот, пак, проценил дека менаџерот ги украл парите и затоа го иницирал грабнувањето.