Легендата на Арсенал, Тијери Анри, по вчерашниот пораз на „топчиите“ на домашен терен од Манчестер Сити, апелира сите во клубот да останат мирни.
„Вие загубивте против одличен тим. Чувајте ја својата смиреност, изгубивте, ама тоа не значи дека сега се мора да оди во корпа“ – вели поранешниот играч на лондончани.
„Одете сега и победете на теренот на Астон Вила. Одговорете на наредните предизвици“ – беа зборовите на Анри.