Првиот човек на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Флорентино Перез, ветил дека ќе му обезбеди на новиот тренер, Зинедин Зидан, околу 500-ни милиони евра за засилување во текот на летото.
Бидејќи „кралевите“ имаат разочарувачка сезона во која ќе останат без трофеј, потегот на Перез е сосема очекуван. Угледниот француски Л’екип тврди, дека Зизу ќе добие голема сума за да направи ремонт во екипата.
Тука во преден план се наметнуваат имињата на Еден Азар, Килијан Мбапе и Пол Погба. Неодамна излезе и веста дека во радарот на Реал влегуваат и Садио Мане од Ливерпул и членот на Јуве, Миралем Пјаниќ.