Напаѓачот на фудбалскиот состав Челзи, Оливие Жиру, може да го напушти тимот веднаш по отворањето на зимскиот трансфер период бидејќи за неговите услуги е заинтересиран Вест Хем, пишува – „Mirror“.
Французинот кој заедно со Алваро Морати се бори за стартната постава на „Стемфорд Бриџ”, во досегашните 7 натпревари од Премиерлигата не постигна ниту еден гол. Неговиот договор истекува во 2019 -та што отвора простор за „чеканите“ да започнат преговори уште во јануари.
Вест Хем и претходно сакаше да го купи напаѓачот кој главно „ја грееше“ клупата во Арсенал, но, тој се определи да замине во Челзи.