Мајк Маињан е блиску до продолжување на договорот со Милан. Италијанскиот клуб постигнал начелен договор со голманот за продолжување на соработката до 2028 година.
Фудбалерот ќе добива плата од 5 милиони евра годишно а ќе може да инкасира и дополнително уште 1 милион како бонуси.
Францускиот голман во тековната сезона во Серија А има одиграно 5 натпревари и примено 7 голови.

