Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, изјави дека играчот за врска, Исмаел Бенасер се повредил на првиот натпревар од 1/16 финалето во Лига Европа против Црвена Ѕвезда (2:2). Тоа ќе го спречи да учествува на дербито со Интер од 23-то коло во Серија А.
„Го изгубивме Исмаил, тој има проблеми со мускулите“ – потенцираше кратко Пиоли. Бенасер во сезонава запиша 20 натпревари за Милан и направи 4 асистенции.
Градското дерби меѓу Милан и „нероаѕурите“ ќе биде одиграно в недела од 15.00 часот.

