Капитенот на фудбалскиот состав Арсенал, Лоран Косчелни, кој се повреди во месец мај и не настапи на Мундијалот во Русија, имал намера да го напушти тимот во текот на летово, изјави Стефан Кербис, агентот задолжен за трансфери на 33-годишниот француски дефанзивец.
„Кога се повреди, веднаш видов дека е многу сериозно. Во тој момент помислив на најлошото што и се потврди кога се дозна дека ќе го пропушти СП. Лорен тогаш можеби ќе ги одиграше последните мечеви за Арсенал. Тој започна да размислува за евентуално заминување откако дојде нов менаџер“ – вели Кербис.
„Тогаш бевме отворени за различни опции кои вклучуваа понуди од Кина и Франција бидејќи Косчелни не сакаше да игра за друг англиски тим. Минатата сезона за неговите услуги беше заинтересиран Олимпик Марсеј кој му пружи можност да се врати во Лига 1″ – нагласи Кербис.