Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, кој ќе направи голем ремонт во текот на летото, сака да го врати на стадионот – „Сантијаго Бернебе” дефанзивецот, Ашраф Хаким, кој сега игра како позајмен во Борусија (Дортмунд).
Според весникот – „AS“, Французинот верува дека бекот ќе донесе одредено освежување по левата аут-линија. Сепак, тоа ќе биде многу тешко да се реализира, бидејќи „милионерите“ немаат намера да се откажат од услугите на 20-годишниот играч кој остави посебен впечаток во сезонава. Фудбалерот од Мароко кој природно дејствува во десниот дел од одбраната, покажа дека одлично се адаптира и по левата страна која е посебно проблематична кај „кралевите“.
Интересно е тоа што во договорот меѓу двете екипи нема временски рок за изнајмување на фудбалерот а нема и дополнителна клаузула за евентуално Борусија Дортмунд да ги откупи неговите права.