Фудбалерот на Баерн (Минхен), Корентин Толисо, најверојатно ќе биде продаден по завршувањето на сезоната. Јувентус се појавува како главен фаворит за привлекување на францускиот интренационалец.
Според –„ Калчо Меркато“, двете страни преговараат за можен трансфер. Куриозитет е дека во 2017 година Толисо имаше понуда од Јувентус, но, избра да се пресели во Германија.
Во тоа време за него беа платени рекордни 41,5 милиони евра кога станува збор за Бундес-лигата. Толисо во сезонава настапи за Баерн на 22 меча и постигна 3 гола.

