Рафаел Варан кој пред неколку денови го напушти Реал Мадрид и се пресели во англискиот фудбалски гигант, Манчестер Јунајтед, испрати емотивна порака до неговиот претходен клуб.
„По 10 неверојатни години во Реал Мадрид, клуб кој секогаш ќе го носам во срцето, дојде време да се разделиме. Сакам да им се заблагодарам на сите. Голема благодарност и до сите навивачи. Имав голема чест да ја делам соблекувалната со најдобрите играчи во светот“ – напиша дефанзивецот.
Варан и Хари Мегваер, ќе ја сочинуваат главната стоперска двојка во одбраната на „црвените ѓаволи“.