Напаѓачот на фудбалскиот состав Челзи, Оливие Жиру, откако изјавил дека е среќен што тренира со другите во клубот, потенцирал, дека е загрижен што ќе нема навивачи на трибините. Англиското фудбалско првенство по речиси 3 месеци пауза поради пандемијата со корона-вирусот ќе продолжи на 17 јуни.
„Започнавме да тренираме на 19 мај, повторно сме заедно да играме фудбал. Жал ми е што ќе нема навивачи на трибините“ – рече Жиру во интервјуто за официјалната веб-страница на УЕФА.
„Сè е многу невообичаено. Работиме во групи од пет лица. Неопходно е да се запази растојание од најмалку два метра, што значи дека физичкиот контакт е исклучен. Двапати неделно се тестираме за корона-вирус. Се е многу чудно“ – потенцираше францускиот напаѓач.