Олимпик (Марсеј) за една сезона го ангажираше играчот за врска Михаел Куизанс од Баерн Минхен. 21-годишниот фудбалер кој беше купен од Менхенгладбах не ја доби посакуваната минутажа и затоа побара да биде испратен во друг клуб.
Иако се очекуваше Куизанс да заигра за Лидс во Премиер лигата, договорот пропадна и тој ќе се врати во татковината.
„Михаел сака да игра редовно. Тој ќе настапува во Лигата на шампионите со Олимпик Марсеј” – изјави спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.

