Фудбалерот на Барселона, Самуел Умтити, најверојатно ќе го пропушти утрешниот дуел со Атлетик Билбао во шпанскиот Куп бидејќи неговите адвокати задоцниле да поднесат барање за одложување на рочиштето во Судот.
Французинот е обвинет за уништување на базен, паркет и инвентарот во куќата во која живеел под кирија а сопственикот на истата бара отштета од 183 илјади евра.
Умтити кој со доаѓањето на навиот тренер успеа да се врати во првата постава на Каталонците, денеска ќе направи последен обид да издејствува одложување на рочиштето, доколку не успее, тогаш ќе мора да го пропушти мечот со Атлетик Билбао.